Платформа за следење
на правата на децата
Дигиталната платформа за следење на правата на децата е изработена во рамките на проектот Место за растење, спроведен од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејно и детско згрижување – КМОП Скопје (февруари 2023 – јули 2025). Проектот имаше за цел да ги зајакне напорите на локалните власти за унапредување на правата на децата и детското учество во локалното планирање во пет општини: Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода.
Платформата претставува еден од клучните резултати на проектот и овозможува систематско следење на спроведувањето на локалните стратегии за правата на децата. Општинските претставници беа обучени за нејзино користење и за редовно ажурирање на податоците.
Иако првично развиена за петте општини вклучени во проектот, платформата е замислена како отворена и лесно прилагодлива алатка. Таа може да се користи од секоја општина во државата што сака да воспостави одржлив систем за следење на детските права и да обезбеди поголема транспарентност, отчетност и вклученост на клучните чинители во локалното планирање.
Главните стратешки цели се
Притиснете на иконите за да дознаете повеќе
-
Секое дете, млад човек да е ценет/о, почитуван/о и третиран/о правично во рамките на заедницата и од локалните власти
-
Секое дете, млад човек има свој глас, потреби и приоритети слушнати и земени предвид во локалните политики, буџети, програми и одлуки кои влијаат на нив
-
Секое дете, млад човек има пристап до квалитетно образование и квалитетни основни социјални услуги
-
Секое дете, млад човек живее во безбедна, сигурна и чиста животна средина
-
Секое дете, млад човек има можност да ужива семеен живот, игра и слободно време
Одберете ја вашата општина
Како работи
ПРОЕКТНИ ПАРТНЕРИ